Ејч-би-о објави кратко видео најавувајќи го прикажувањето на специјалната епизода, која ќе биде достапна на 27 мај.

Видеото не открива многу, а на него ги гледаме шесте главни ликови како одат во студиото во кое се снимала серијата. Специјалната епизода била снимена таму.

„Менталфлос“ пишува дека во специјалната епизода ќе видиме и други ликови, меѓу кои и Ричард, Гантер, господин Хеклс, Џенис, едната сестра на Рејчел (која ја игра Рис Витерспун), како и Џек и Џуди Гелер.

Но во епизодата ќе има и ѕвезди кои не биле во серијата, меѓу кои и Дејвид Бекам, Џастин Бибер, БТС, Џејмс Корден, Синди Крафорд, Лејди Гага, Кит Херингтон, Малала Јузафсаи и други. Најавата за специјалната епизода погледнете ја во видеото во продолжение.