Настанот се одржа во духот на маалската дружба, проследен со музика и спомени за еден од најсаканите македонски музичари. Голем број блиски луѓе се собраа за заедно да се потсетат на моментите што ги споделуваа со Панчо.

Од издавачката куќа „Шур шотц“, чиј коосновач беше Панчо, споделија фотографии од откривањето на муралот и изразија надеж дека ваквото собирање ќе стане традиција.

„Денес, на денот на роденденот на Панчо, за првпат се прикажа мурал со неговиот лик пред зградата во која живееше. Преку маалска дружба и музика, се потсетивме на него и убавите заеднички моменти. Фала им на дечките од Аеродром за иницијативата и изработката на муралот, и се надеваме дека оваа собиранка ќе ни прерасне во традиција“, напишаа тие, додавајќи ја пораката: „Засекогаш П“.

По повод неговиот роденден, од „Шур шотц“ објавија и фотографија од Панчо на Инстаграм со кратката, но емотивна порака:

Среќен роденден, стари. Фалиш…“