Во хотел во Бит Пазар пронајден мртов турски државјанин
На 15 август 2025 година во 07:37 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во хотел кој се наоѓа на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден мртов турски државјанин. Станува збор за А.З. (44) од Република Турција.
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека на местото на настанот веднаш пристигнала екипа на Итна медицинска помош. Лекарот констатирал смрт, при што било утврдено дека на телото нема видливи траги на насилство.
По пријавата и констатираната состојба, извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција со цел да се утврди точната причина за смртта.