Во последните 24 часа се регистрирани 432 нови случаи на КОВИД-19 од направени 2.663 тестирања, како и 448 оздравени пациенти и 13 починати, информира Министерството за здравство.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа најмногу новозаболени се регистрирани во Скопје – 142, Битола – 47, Прилеп – 31, Куманово – 22, Кавадарци – 19, Тетово, Велес и Кочани – по 18, Штип и Радовиш – по 12, Демир Хисар – 9, Гевгелија, Ресен и Делчево – по 8, Виница – 7, Гостивар, Неготино, Крива Паланка, Берово и Кратово – по 6, Охрид и Кичево – по 5, Струмица – 4, Крушево – 3, Македонска Каменица – 2, Богданци, Демир Капија, Пехчево и Дојран – по 1.

Регистрирани сe 448 оздравени пациент, и тоа од Скопје – 186, Куманово – 42, Прилеп и Велес – по 26, Кавадараци – 21, Битола – 19, Кочани и Штип – по 16, Тетово и Крива Паланка – по 14, Кичево – 9, Пробиштип – 8, Неготино и Охрид – по 6, Гевгелија и Делчево – по 5, Демир Хисар и Струга – по 4, Кратово и Свети Николе – по 3, Радовиш, Гостивар, Берово, Струмица и Валандово – по 2, Ресен, Македонска Каменица, Богданци, Пехчево и Македонски Брод – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица, од кои четири починати лица од Скопје (45г, 78г, 88г и 90г), по две починати лица од Куманово (42г и 70г), Битола (51г и 68г) и Прилеп (66г и 70г), и по едно починато лице од Делчево (74г), Велес (79г) и Кочани (55г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени пет починати лица со датум на смрт од 04.11.2021 до 09.11.2021. Регистрирани се починати лица од Крива Паланка (2), Скопје (1), Прилеп (1) и Виница(1), на возраст од 57-82г, од кои едно лице е починато во домашни услови, а 4 лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.418.655 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 207.998, бројот на оздравени пациенти е 192.370, на починати е 7.294, а бројот на активни случаи изнесува 8.334.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 90894, активни 3773
Куманово 12587, активни 388
Тетово 11193, активни 222
Прилеп 9786, активни 397
Гостивар 8035, активни 42
Битола 7954, активни 606
Велес 7033, активни 360
Кавадарци 6575, активни 349
Штип 6376, активни 257
Охрид 6250, активни 213
Струмица 5960, активни 108
Кичево 4177, активни 113
Струга 3865, активни 50
Кочани 3767, активни 233
Гевгелија 2658, активни 138
Неготино 2476, активни 96
Свети Николе 2059, активни 86
Крива Паланка 1772, активни 167
Радовиш 1666, активни 84
Ресен 1639, активни 79
Дебар 1453, активни 3
Берово 1310, активни 63
Делчево 1257, активни 108
Виница 1119, активни 44
Пробиштип 1081, активни 68
Валандово 871, активни 20
Кратово 704, активни 62
Богданци 608, активни 28
Крушево 571, активни 31
Демир Хисар 544, активни 72
Македонски Брод 482, активни 6
Демир Капија 414, активни 5
Македонска Каменица 383, активни 53
Пехчево 326, активни 3
Дојран 153, активни 7