Примирје и враќање на заложниците остануваат во фокусот: Израел подготвен за компромис?

П

Израелска делегација во Каиро го разгледува одговорот на Хамас.

Македонија 01.05.2024. 15:45
Фото: Ројтерс

Во Тел Авив државниот секретар на САД. Се противи на офанзивата во Рафах и се надева на скоро примирје.

„Нашите ставови за Рафах се многу добро познати. Фокусот во моментов е на примирјето и враќањето на заложниците, тоа е најважно и верувам остварливо. Израел покажаа дека се подготвени за компромис. На ред е Хамас, нема повеќе изговори и одложувања“, порача државниот секретар на САД, Ентони Блинкен.

Со или без договор, Нетанјаху категоричен дека трупите ќе влезат во Рафах. Целите на војната мора да се постигнат.

„Немаме друг избор. Таму ќе ги уништиме баталјоните на Хамас, ќе ги завршиме сите цели на војната и ќе ги вратиме нашите заложници“, изјави израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху.

Генералниот секретар на ООН со апел, Израел и Хамас да постигнат договор час поскоро.

„Речиси седум месеци по 7-ми октомври, ситуацијата на луѓето во газа се влошува од ден на ден, постојано повикувам на хуманитарен прекин на огнот. За жал, тоа сè уште не се случило. Но, преговорите се во тек и за доброто на регионот и поширокиот свет силно ги охрабрувам владата на Израел и раководството на Хамас да постигнат договор“, изјавигенералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

Во меѓувреме, американската полиција ги расчисти пропалестинските протести и уапси десетици демонстранти кои го окупираа универзитетот „Колумбија“.


Останати вести од Македонија