Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека Соединетите Американски Држави се согласиле да ги продолжат преговорите со Иран, но истовремено нагласи дека примирјето меѓу двете страни е завршено.

„Исламската Република Иран побара продолжување на преговорите. Се согласивме на тоа“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушал“.

Тој додаде дека Вашингтон јасно му ставил до знаење на Техеран оти примирјето повеќе не е во сила.

Изјавата доаѓа во услови на зголемени тензии меѓу САД и Иран, додека двете земји најавуваат нов обид за продолжување на дипломатските разговори.

Засега не се објавени повеќе детали за времето, местото и форматот на новата рунда преговори.