Принцот Чарлс во неделата (20.06) по повод Денот на татковците сподели фотографии од неговите синови на Инстаграм. И покрај тоа што односите меѓу нив се заладени, на една од фотографиите можеме да го видиме и младиот Хари.

Фотографијата на Чарлс со синовите била направена во едни посреќни времиња, односно во 2004-тата година. На неа можеме да ги видиме принцовите Хари, Вилијам и Чарлс за време на поло купот Cirencester Park.

 

Фотографијата беше споделена на официјалниот Инстаграм профил на принцот од Велс и војвотката од Корнвел, а покрај оваа беа објавени и фотографии на принцот Чарлс со татко му (принцот Филип) и од Камила со нејзиниот татко.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Clarence House (@clarencehouse)

 

По скандалозното интервју за Опра каде Меган Маркл тврдеше дека кралското семејство не сакало Арчи да добие титула и полициска заштита, но и по гостувањата на Хари во емисијата The Mee You Can’t See каде што меѓу другото говореше и за односите со татко му, и онака разнишаните односи меѓу Хари и Чарлс дополнително се заладија.

Во текот на изминатите денови се говори дека наводно Принцот од Велс штом ќе седне на престолот ќе направи промени во легалните документи за неговиот внук, Арчи да не може да ја наследи титулата „принц“.

 

Според досегашната практика, внукот на престолонаследникот автоматски ја наследуваше оваа титула, но според Mail on Sunday Чарлс има намера да направи промени во монархијата откако ќе стане крал.

Се очекува во иднина само наследниците на тронот и членовите на нивното најблиско семејство да добиваат титули, финансиска поддршка и полициска заштита.

 

Инаку, Хари при крајот на месецов треба повторно да биде во посета на Обединетото Кралство по повод откривањето на статуата на неговата мајка, принцезата Дијана. Засега нема информации за тоа дали Хари и Чарлс ќе се сретнат за време на оваа посета, но мали се шансите тоа воопшто да се случи затоа што според известувањата, Чарлс за време на овој настан ќе биде на неговиот имот во Шкотска, Белморал.