Припадници на Дирекцијата за заштита и спасување успеале да излечат 38 годишна жена од под урнатините во градот Адијаман.
Вчера, македонските војници кои се дел од спасувачките активности во регионите во Турција зафатени од земјотресот беа дел од успешна операција за извлекување на дете од урнатините во градот Кахранманмараш.
Војниците на АРМ по сознанијата дека биле слушнати гласови од под урнатините, започнале со 6 часовно расчистување на урнатините и заедно со турските спасувачи успеале да го извлечат пет годишниот Сулејман.