Двесте илјади вакцини „Синофарм“ пристигнаа изутринава во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје.
Вакцините се купени во директни преговори со производителот. Со нивно распоредување во регионалните вакцинални пунктови во шест града низ државава по празниците треба да стартува масовната имунизација на населението.
Досега во државава се вакцинирани 60 000 граѓани, а надлежните уверуваат дека од следната недела дневно ќе се вакцинираат по 10 000 граѓани, без да се создаваат гужви.