Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против лице на возраст од 31 година, жител на Гостивар, за кој постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Силување од член 186 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
– Осомничениот на 27 јули 2021 година со употреба на сила и закана дека непосредно ќе нападне врз животот и телото, извршил обљуба врз оштетена на возраст од 17 години, информира ЈО.
Поради стореното кривично дело, а во насока на непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител до Основниот суд Гостивар достави Предлог за определување на мерка притвор за осомничениот.
– Предлогот беше прифатен од судијата на претходна постапка кој со решение на осомниченото лице му определи притвор во траење од 30 дена, известуваат од ЈО.