Приведениот ги признал делата и по документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, едно кривично дело „кражба“ е извршено на 27.11 во куќа на улица „Баница“, а две дела „тешка кражба во обид“ на 25.11 во куќа на улица „Наум Охридски“ и во куќа на улица „Борис Канчевски“ во Скопје.