Сопружници од село Мокриево на возраст од 70 и 69 години загинаа попладнево во тешка сообраќајна несреќа на излезот од село Колешино, кај Струмица.

Според информациите од СВР Струмица, автомобилот „фолксаваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, кој го управувал Т.Н. и во кој сопатник била неговата сопруга Н.Н., излетал од коловозот и завршил во каналот покрај патот.

Од здобиените повреди и двајцата починале на местото на несреќата, а лекар од Итна медицинска помош ја констатирал смртта.

Поради големото оштетување на автомобилот, во извлекувањето на телата учествувале и пожарникари од ТППЕ Струмица.

На местото на несреќета увид извршиле екипа на полицијата и јавен обвинител од ОЈО Струмица.

Инаку, во последните 24 часа ова е втора сообраќајна несреќа со смртни последици во овој регион. Синоќа на локалниот пат Ново Село – Мокриево, исто така, загина жител на 38-годишна возраст од селото Мокриево, а уште две лица беа повредени.