Како што информираат од МВР, во неговиот дом и помошни простории во Гевгелија и во патничко моторно возило „фолксваген туран“ со гевгелиски регистарски ознаки пронајдени се прашкаста материја, тврда материја, 11 таблети, 98 капсули, банкноти со остатоци од прашкаста материја.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.