Полициски службеници од СВР Куманово денеска го лишија од слобода Б.Ј.(36) од с.Табановце поради поседување наркотици.

Како што соопшти МВР, при извршена контрола во патничко возило „форд фокус“, со кумановски регистарски ознаки, што тој го управувал, биле пронајдени и одземени прашкаста материја и марихуана.

Лицето е приведено и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.