Под водство на обвинител од Обвинителството за гонење на организиран кримкнал, во содејство со МВР и Финансиската полиција, се спроведува акција на повеќе локации, се вршат претреси.
Како што наведува „Телма“, пред половина час, во рамките на оваа акција е приведен Илчо Ѓоргиоски, поранешен претседател на ФФМ.
Пријава против него имаше поднесено уште во 2019 година дека како претседател на „Фудбалската федерација на Македонија“ извршил кривични дела „даночно затајување“ и „фалсификување или уништување деловни книги“. Пријава беше поднесна и за ФФМ. Тој беше осомничен дека прикажал лажни и невистинити податоци во завршната сметка и не платил данок на добивка, со што „Фудбалска федерација на Македонија“ се стекнала со противправна имотна корист од 1.680.912 денари, за кој износ го оштетиле Буџетот на државата.
