Денеска (26.01.2022) во 02.30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Р.(18) од Куманово, бидејќи непосредно пред тоа извршил кривично дело кражба во куќа во Куманово.

Кај него биле пронајдени украдените предмети, кои ќе бидат вратени на сопственикот. С.Р. бил приведен во полициска станица Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.