Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 15.30 часот го лишиле од слобода С.А.(23) од Куманово, бидејќи непосредно пред тоа извршил кривично дело кражба во деловен објект на ул.„Биљановска“ во градот.
Кај него, како што соопшти МВР, биле пронајдени украдените предмети, кои ќе бидат вратени на сопственикот.
С.А. бил приведен во полициска станица Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.