Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги вчера во 15.20 часот на ул.„Бoца Ивановска” во Скопје, го лишиле од слобода Ќ.А.(29) од скопско Арачиново, за кого биле распишани три централни потерници од МВР на Република С. Македонија.
– Тој бил баран по наредба од Казнено-поправната установа Затвор Скопје, во врска со член 392 од Кривичниот законик за бегство од затвор за доиздржување казна затвор, по наредба на Основно јавно обвинителство за издржување притвор во врска со член 418 од Кривичниот законик, по наредба на Основен кривичен Суд Скопје, во врска со член 297 од Кривичниот законик и еден Централен распис од МВР во врска со член 372 од Кривичниот законик, соопштија денеска од МВР.
Лицето било предадено во Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.