Денеска (31.01.2023) во 12.00 часот на бул.„Партизанска“ во Штип, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.Д.(26) од Штип.
-Тој бил осуден на казна затвор од шест години и четири месеци за сторени кривични дела по член 215 и член 236 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница по наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на една година и два месеци од казната, информира МВР.
Лицето ќе биде предадено на установата за доиздржување на казната.