Тој се барал со потерница од Казнено-поправна установа Затвор Идризово за доиздржување казна затвор од 3 години 4 месеци и 17 денови, од вкупно предвидената казна од 12 години и 10 месеци, информира МВР.

Тој е сторител на повеќе кривични дела, и тоа „убиство“, „насилство“ и „оштетување на туѓи предмети“, казниви по чл.123, чл.386 и чл.243 од Кривичниот законик.

С.К. ќе биде спроведен во казнено-поправната установа за доиздржување на затворската казна.