Полицијата по повеќемесечна полициска истрага вчера лиши од слобода 23-годишен дилер на кокаин од скопско Арачиново, за кого постојат основи на сомнение дека сторил кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Како што соопшти МВР, во рамки на спроведената криминалистичка истрага во периодот од јуни до октомври 2022 година, во координација со ОЈО Скопје, Единицата за недозволена трговија со дрога обезбеди материјални докази за Е.А. (23).

При претрес извршен во домот на Е.А. во скопско Арачиново, врз основа на наредба издадена од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд – Скопје, биле пронајдени предмети поврзани со кривични дела, а лицето е приведено.

Во координација со надлежен Јавен обвинител од ОЈО Скопје, во текот на денот против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.

Против истото лице во март 2019 година, исто така, била поднесена кривична пријава поради недозволена трговија со кокаин.