Полициски службеници Единица за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Кисела Вода вчера во 17:50 часот го лишиле од слобода Д.К.(33) од Скопје за основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“, информира Министерството за внатрешни работи.
Од МВР соопштија дека Д.К. е лишен од слобода поради сомнение дека истиот ден околу 10:15 часот сторил кривично дело на подрачјето на Кисела Вода.
По целосното документирање на случајот против Д.К. ќе следи соодветен поднесок.