Нa 13.01.2022 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против К.К. (39) од Скопје поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 ст.1 од Кривичниот законик.
Со цел стекнување на противправна имотна корист пријавениот заради понатамошна продажба набавил и во неговиот дом чувал наркотична дрога која со патничко моторно возило неовластено ја разнесувал и продавал на лица на подрачјето на Скопје. На 12.01.2022 година во 21,30 часот во н. Идризово, Скопје од страна на полициски службеници од ОСОСК извршен е преглед на патничко моторно возило „рено флуенс“ со скопски регистерски таблички, управувано од К.К. при што е пронајдена дрога. Истиот ден по Наредба на Судија на претходна постапка од Основен Кривичен суд Скопје, извршен е претрес во дом и други простории кај К.К. , каде исто така е пронајдена дрога и предмети поврзани со кривичното дело.
При претресите пронајден е кокаин, амфетамин МДМА, ринкофилин, митрагинин… Лицето е лишено од слобода и преддадено на обвинителството, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.