Полициски службеници синоќа привеле 43-годишен тетовец, кој бил пријавен од неговите родители дека им се заканува. При приведувањето полицијата кај него пронашла марихуана.
-Синоќа во 2З:30 часот од полициски службеници од СВР Тетово е лишен од слобода Ф.И.(43) од Тетово. Тој претходно бил пријавен дека околу 23:00 часот агресивно се однесувал и им се заканувал на неговите родители во нивниот дом. Притоа, кај Ф.И. била пронајдена и марихуана. Тој е задржан во Полициска станица и по расчистување и документирање на случајот ќе следат и соодветни поднесоци, се наведува во полицискиот билтен.