При претрес во дом, извршен со судска наредба, информираат од МВР, биле пронајдени и одземени марихуана, масло од хашиш, поголема количина халуциногени средства и пари од продажба на дрога.
– М.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, стои во соопштението од МВР.