Полициските службеници од дебарското одделение за внатрешни работи, привеле жител на селото Праленик, Општина Центар Жупа за издржување затворска казна.

– Врз основа на наредба од Основниот суд во Дебар, во селото Праленик, Општина Центар Жупа, полициски службеници од ОВР Дебар го приведоа Е.Ј.(35) од селото Праленик, кој се барал за издржување казна затвор, информираше Стефан Димоски, портпарол на секторот за внатршни работи од Охрид.

Приведениот Е.Ј. е спроведен во Казнено – поправната установа „Затвор-Струга“ за издржување на казната.