Полициски службеници на ОВР Кочани денеска околу 01.00 часот во близина на Медицински центар во Кочани, при извршен преглед на четири лица, сите од Кочани, од кои едно малолетно, пронашле марихуана.
Тие се приведени, информираат од МВР, и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.