На 27.04.2022 во 21.00 часот на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија ги лишиле од слобода К.А.(28) и Н.Д.(31), двајцата од Скопје.
При преглед кај нив и при претрес во домот на К.А., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени неколку пакувања со бела прашкаста материја, неколку пакувања марихуана и дигитална вага со остатоци од дрога.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.