Како што соопшти МВР, на 22 декември 2021 година по преземени мерки и активности на автопатот Куманово – Табановце, во напуштени објекти во село Горно Којнаре, Кумановско, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал пронашле 40 лица – мигранти. Од нив
21 лице било од Индија, 15 од Сирија, две од Пакистан, и по едно лице од Мароко и Турција. Меѓу лицата три се малолетни.

При преземањето мерки било утврдено дека М.А. и А.Х., кои биле дел од групата, ја организирале групата и за финансиски надомест на лицата требало да им организираат илегален премин на македонско-грчката граница.
Во текот на денот М.А и А.Х. ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, додека останатите лица се сместени во Прифатен центар.