Екипата на ТФТ Скопје доживеа убедлив пораз од тимот на Херцеговац со конечни 107-82 во натпреварот од второто коло во регионалната АБА2 лига.
Најдобар поединец во победничкиот табор беше Рашун Дејвис со постигнати 17 поени, додека во редовите на ТФТ најефикасен беше Секој Сила со 15 поени.
Уште 13 коша за македонскиот претставник додаде Страхил Николов. За скопскиот состав ова претставуваше втор неуспех во рамките на групата Б од натпреварувањето.
Следен противник на кошаркарите на ТФТ Скопје ќе им биде екипата на Подгорица, а овој дуел според распоредот се игра на деветти декември.
