Како што информираат од МВР, кај осомничените во патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, биле пронајдени три електрични тротинети, меѓу кои и оној на оштетениот.
-Тротинетот е вратен на А.И., а двете лица приведени во полициска станица. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по чл.235 од Кривичниот законик, се наведува во соопштението на МВР.