Полициски службеници од СВР Куманово, денеска го лишиле од слобода О.Ц.(47) од село Љубодраг, кумановско, кој бил баран со потерница од Основен суд Куманово за издржување на затворска казна, информираат од МВР.
Лицето, како што велат од МВР, било спроведено во Казнено-поправната установа – Затвор К’шање за издржување на казната.