Министерството за внатрешни работи соопшти дека во врска со настанатите пожари во с.Погулево и Дамјан, од страна на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш од слобода е лишен И.О. од с.Тополница.

Тој откако ги забележал полициските службеници се обидел да избега, но бил фатен, приведен и се работи на расчистување на случајот.

Инаку, на подрачјето на ОВР Радовиш на неколку метри оддалеченост имаше три пожари, од кои тој во с.Погулево е изгаснат, кај с.Парналија и Супурге е локализиран, а на влезот од с.Дамјан се преземаат мерки за негово гасење, стои во соопштението.