Полициски службеници денеска привеле лице од Тетовско за издржување на четиригодишна затворска казна, соопшти МВР.

– Денеска околу 12:00 часот во тетовско Копанце, полициски службеници на СВР Тетово го привеле Б.З.(33) од ова село, осуден на четиригодишна затворска казна за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи“, казниво по член 396 од Кривичниот законик, се наведува во соопштението на Министерство.

По приведувањето, реализирано со судска наредба, Б.З. денеска ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ во Скопје за издржување на казната.