На 18.04.2022 во 15.00 часот во с.Идризово, скопско, полициски службеници од Одделение за криминалистички работи Гази Баба – Потраги го лишиле од слобода е М.М.(22) од Скопје. Тој бил баран по Централна потерница од Основен суд Скопје за издржување казна затвор во траење од три години за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ казниво по чл.353 ст.1 во врска со чл.23 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде предадено во казнено-поправна установа за издржување на казната.