Во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената на територијата на државата, се казнети 240 возачи.

Од нив, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, соопштија денеска од МВР, 117 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 123 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.