Како што информираат од владината прес-служба, премиерот Заев истакна дека државата во консултација со деловната заедница и сите засегнати страни креира деловен амбиент за рамномерен регионален економски развој и додаде дека ваквите инвестиции значат отворање на нови и добро платени работни места.
Менаџментот информираше дека во моментот во „ТАБ МАК“ работат 530 лица кои и во услови на пандемија продолжија да работат, со финансиските мерки за помош од државата.
На средбата беше заклучено дека новата инвестиција ќе отвори работни места не само во Пробиштип, туку и во целиот регион, што значи можност за повисок стандард за граѓаните и економски развој на регионот. Беше констатирано дека инвестициите на компаниите се од витално значење за економијата на локално, но и на државно ниво.
Компанија „ТАБ МАК“ од индустриската дејност, дури 97 проценти од производството го пласира на странскиот, главно европски пазар.