Безидејноста на опозицијата продолжува. Наместо проекти и развој, тие нудат некрофилија. Последно е фотографија која се шири на социјалните мрежи. На неа премиерот Христијан Мицкоски, министерот Панче Тошкоски и директорот на БЈБ, Александар Јанев беа ставени на фотографија со крвави лица.
На ваквата фотографија одговори директорот на СОЗР, Ивица Томовски. Тој оцени дека СДС ќе изгуби многу на претстојните избори, обвинувајќи дека опозицијата нуди „црнила и лаги“.
„Еден пријател ме праша колку ќе загуби СДС, реков многу. Причините за тоа е фотографијата подолу. Затоа што додека Мицкоски прави проекти, Венко нуди пожари, додека Владата се бори за развој и правда, креаторите на сликата подолу нудат црнила и лаги. И тоа е еден ист центар. Тој центар е против Македонија и се она за што се бориме. Затоа ова е за осуда. А пресудата на народот доаѓа многу бргу“, пишува Томовски.