Астон Вила и Унаи Емери се договориле за продолжување на заедничкиот проект и по истекот на актуелниот договор, кој го обврзува шпанскиот стратег до 2029 година. Клубот од Бирмингем соопшти дека по денешната работна средба со претседателот Насеф Савирис е постигната јасна заложба за соработка и по тој период.
На состанокот присуствувале и претседателот за фудбалски операции Роберто Олабе и директорот Дамијан Видагани. Разговорите биле насочени кон долгорочната стратегија и развојот на клубот под водство на Емери, со заедничка амбиција Астон Вила да стане уште поконкурентна и да се бори за највисоките цели.
Со оваа порака клубот практично стави до знаење дека не планира разделба со тренерот кој пристигна во ноември 2022 година и кој значително го подигна нивото на тимот. Во меѓувреме, Емери се поврзуваше со можноста да го преземе Манчестер Јунајтед, но Астон Вила јасно ја истакна својата намера да го задржи.
