Една од двете ученички кои ја претепаа својата врсничка пред еден месец во центарот на Скопје, денеска на социјалните мрежи објави видео каде се гледа помодреното око на тепаната ученичка, здобиено од инцидентот.
Семејството на жртвата денеска пријавила во полиција дека нивната ќерка продолжува да биде предмет на потсмев и психичко изживување.
Судењето за овој случај е закажано за втори април, но ќе биде затворено за јавноста поради тоа што се работи за малолетници.
Инаку, пред две недели, таткото на на девојчето кое го објави денешното видео на билборд пред средното училиште објави порака со содрижина ПРАВДА, откако неговата ќерка доби укор пред исклучување од гимназијата заради учество во физичката пресметка.
Во истиот период, од група професори и директорката од училиштето родителот беше пријавен за вознемирување заради донесната санкција кон неговата малолетна ќерка, тој пак негираше дека вршел какво било вознемирување врз вработените на училиштето.