Продолжува политичката криза во Бугарија. Народно собрание ја отфрли номинацијата на Росен Жељазков за премиер. Против неговата кандидатура гласаа 138 пратеници, а за беа 98 пратеници од коалицијата ГЕРБ-СДС и 30 народни избраници на ДПС.
Бугарскиот претседател Румен Радев му го довери мандатот за формирање нова влада на поранешниот претседател на парламентот, од партијата ГЕРБ на Бојко Борисов, која освои најмногу гласови на изборите одржани на 8 јуни.
Жељазков предложи формирање малцинска влада. На предвремените избори ГЕРБ освои 68 од 240 места во парламентот, што не е доволно да се формира влада.