Тој додаде дека ако има потреба мерките можат да се продолжат или да се модифицираат.
– Нема да има ниту еден друг параметар или критериум освен заштита на здравјето, а во таа смисла проценка на епидемиолошката состојба која ќе биде причина мерките да продолжат или да се модифицираат, рече министерот за здравство.
Тој истакна дека надлежните институции ќе разговараат за ова и согласно состојбата ќе донесат соодветни одлуки.
– Во таа смисла проценки ќе се прават и викендот и на почетокот на следната недела и согласно тоа ќе се одлучува, рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање по посетата на вакциналниот пункт во Салата „Борис Трајковски“.
Во моментов на сила е ограничување на движењето на граѓаните во период од 20 до 05 часот, а затворени се и угостителските обекти и теретаните, а со пункт за уплата функционираат обложувалниците.
Министерот Филипче одговараше и на прашање за информации за недостиг на реагенси за лабараториски анализи и за брзи тестови и притоа истакна дека по направената проверка било констатирано дека во сите лабаратории има сосем доволно количини на реагенси за вообичаените анализи, како и а тие што се однесуваат на Ковид-19. Има, нагласи министерот, и сосема доволна количнина брзи тестови на сите пунктови.