Проф. д-р Дејан Мираковски победи на изборите кои се организираа за нов ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“. Професорите од Наставно научните совети на сите факултети во рамките на УГД гласаа денес во периодот од 12.00 до 14.00 часот.
Според првичните, неофицијални информации од сите изброени гласови проф. д-р Дејан Мираковски има освоено 769,8 поени, проф. д-р Винета Сребренкоска 543,1 поени, проф. д-р Емилија Јаневиќ Ивановска 508,12 поени, проф. д-р Зоран Панов 477,64 поени, проф. д-р Владо Гичев 291,52 поени и проф. д-р Татјана Пачемска 209,41 поени.
Според моделот на избор гласовите од факултетите се претвораат во поени кои подоцна се додаваат на кандидатите и оној кој освоил најмногу поени е избран за ректор.
Новиот ректор има мандат од три години.