Во меѓувреме, истиот ден, Деканската управа без да му соопшти, го одјавила во Агенцијата за вработување. Тој бил шокиран, исто како и студентите.
Надвор од Законот за високо образование сум одјавен во Агенцијата за вработување иако имам само 64 години. Правото на професорот со изјава е да продолжи до 67 години. Тоа што некој го толкува за август или за претходната година, тоа е прашање за судот, рече д-р Томе Наумов на прес-конференција.
Студентите собираат потписи во петиција за да се врати професорот, а тој се обратил до својата сопартијка Мила Царовска, која ја покажала сета своја ароганција и непочитување кон битолскиот професор.
– Некаде на пат кон Скопје ми рече дека раководителите имаат право да грешат, а другите не. Ако сака, може на цело Министерство да даде отказ, рече Наумов.
Додека професорот Наумов правдата ќе ја бара според Законот за високо образовение како leg specialis, во кој се вели дека на универзитетски професор сеедно дали наполнил 67 години или претходно е упатен во пензија, треба да му со овозможи предавањата и испитите да ги заврши до крајот на школската година, т.е. 30 септември. Од друга страна, во Ректорската управа велат дека не биле запознати со овој случај, а директорката на Високата медицинска школа во дописот до медиумите вели дека постапила според Законот за работните односи, бидејќи професорот Наумов до 30 август ланската година не поднел барање за продолжување на работниот однос.
Покрај овој случај, пред неколку години, отказ доби уште една професорка заради наводен плагијат, која се уште талка по судските лавиринти. Со тоа, оваа високообразовна институција, наместо минималниот квантум од десет професори, сега ги има само осум.