Професорот Климовски предава предмети како што се Право на друштва, Корпоративно управување, Корпоративна етика и Право на игрите на среќа. Тој помеѓу најпознатите и водечки правни експерти во регионот за регулирање на игрите на среќа, а неговите научни трудови се глобално цитирани во реномирани научни списанија.

Покрај тоа, Климовски е ко-автор на учебниците “Корпоративно управување” и “Право на игрите на среќа” и автор или ко-автор на над 70 научни и стручни трудови. Климовски воедно е раководител на постдипломските студии по Корпоративно право на Правниот факултет во Скопје. Неговото обемно знаење и искуство во областа на правото и корпоративното управување ќе придонесат за понатамошниот развој и унапредување на Државната лотарија.

Државна лотарија е компанијата во државна сопственост, основана според успешни примери и искуства од европските и светските државни лотарии, со цел континуиран придонес во републичкиот буџет за инвестирање во општествено корисни цели.