– Недостигот во набавката го одреди однесувањето, истакна Окоњо-Ивеала за време на онлајн интервјуто за Атлантскиот совет, но не именуваше на кои земји мисли.

Таа додаде дека многу земји ја поддржале програмата КОВАКС, но истовремено купувале вакцини и на тој начин му ги ускратувале на КОВАКС, поради што глобалната програма за вакцинација се бори да ги достави набавките.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, претходно предупреди дека смртноста од Ковид-19 повторно се зголемува, делта сојот на коронавирусот станува доминантен, а многу земји сè уште не добиле доволно вакцини за да ги заштитат своите здравствени работници.

– Глобалниот јаз во снабдувањето со вакцини е исклучително голем, снабдувањето е нерамномерно и нефер. Некои држави и региони нарачуваат милиони вакцини за да ја дадат третата доза, додека некои земји не успеаја да ги вакцинираат ниту своите здравствени работници, ниту најранливите групи на населението, предупреди Гебрејесус.