Ќе дува умерен, вдолж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Во вторник ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб, вдолж Повардарието умерен северен ветер. Потоа ќе преовладува значително потопло време со дневни температури кои на места ќе бидат над 30 степени.