Локални врнежи и засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец. На повеќе места ветерот повремено ќе се засилува.
Во западните делови брзината на ветерот ќе надминува 50 километри на час. Минималната температура ќе се движи од -2 до 4 степени. Максималната дневна температура ќе достигне од 13 до 20 степени.
Во Скопје ќе има променлива облачност со сончеви периоди. Можно е појава на слаби врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец, а во делови од котлината повремено ќе биде засилен. Минималната температура ќе се спушти до 3 степени, додека максималната ќе достигне до 19 степени.
Следува потопло време од почетокот на неделата
Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има услови за повремени слаби врнежи од дожд, претежно во југозападните делови.
Од понеделник започнува период на стабилно и потопло време. Се очекува постепен пораст на дневната температура.
Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Од вторник ветерот ќе се смени и ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
