Претпладнево во одделни котлини се очекува појава на магла, а во текот на денот времето ќе биде претежно облачно со повремени кратки сончеви интервали. Ќе дува слаб југоисточен ветер.
Температурите ќе се движат од -1 до 4 степени минимално, а максималните ќе достигнат од 17 до 20 степени.
Во Скопје, утрото ќе биде постудено, со можност за магла во делови од котлината, додека преку ден времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде до 4 степени, а максималната до 19 степени.
За викендот времето ќе остане стабилно и суво, со магла во утринските часови во пониските котлини.
Кон понеделник навечер, најпрво во западните делови, а потоа во вторник и среда низ целата земја, се очекуваат врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни.
