Човечки леш бил пронајден во канал во близина на ограда од јавна здравствена установа во скопската населба Бардовци, информира Министерството за внатрешни работи.

Според полицијата, случајот бил пријавен вчера околу 16:00 часот во Полициската станица Карпош.

На местото извршила увид екипа на СВР Скопје, а по наредба на надлежните, телото било подигнато и предадено на обдукција.

Од МВР засега не соопштуваат повеќе детали за идентитетот на починатото лице, ниту за околностите под кои настапила смртта. Случајот е предмет на понатамошна истрага.